Мак баскетот останува во карантин, десетина позитивни на коронавирус

фото: КК МЗТ Скопје Аеродром

Кошаркарската Прва лига никако да го дочека стартот и по втор пат поради коронавирусот ќе биде одложен почетокот на новата сезона.
Кошаркарската федерација на Македонија организира тестирање на сите екипи кои се дел од Првата лига и кое покажа дека десетина кошаркари се позитивни на коронавирус.

Комплетната екипа на Академија ФМП се наоѓа во карантин поради седумте позитивни случаи, а во изолација е и тимот на Вардар поради меѓусебниот контролен натпревар, а претхондо беа забележани случаи на ковид-19 и во Работнички и во МЗТ Скопје.

Новите резултати од тестирањата покажаа во екипите од Скопје има по најмалку еден позитивен на коронавирус, а се очекуваат резултатите од тестовите на екипите од другите градови.

Ова значи и дефинитивно ново одложување на стартот на новата сезона со што се зголемуваат и главоболките не само на екипите туку и на челниците на КФСМ бидјеќи во ноември продолжуваат натпреварите од квалификациите за ЕП 2021 кои ќе се играат во „меур“.

Конечната одлука за стартот на сезона ќе ја донесе КФСМ откако ќе ги добие резултатите и од останатите тестирања, но се чини дека предлогот на Федерацијата за првиот дел од сезоната да се одигра во „меур“ е најлогично решение во овие моменти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот