Мајката на Нејмар му ги прости гревовите на поранешното момче, планира и венчавка

Надин Гонкалвеш ја раскина врската со Тиаго Рамос откако дозна дека спиел со мажи, но на крајот одлучи да му даде уште една шанса.

Надин Гонкалвеш која има 52. години пред два месеци изјавуваше дека конечно ја пронајде љубовта на својот живот во младиот Тиаго Рамос кој е речиси 30 години помлад од неа. Мајката на Нејмар зборуваше дека срцето и гори за младиот Тиаго, а двојката својата љубов ја делеше со пријателите на социјалните мрежи.

Но, по неколку недели се случи љубовен бродолом кога се дозна дека Тааго е „плајбој“ и спиел со мажи. Меѓу нив се познатиот бразилски комичар Карлињос Маја. Кога дозна за „минатото“ на Тиаго, Надин го шутна момчето, но…

фото: Инстаграм

По неколку недели, шпанскиот „Ас“ кој се повикува на извори од Бразил кои се блиски до Нејмар, Надин му ги простила гревовите на Тиаго и планира дури и да се венча со 23-годишниот модел и гејмер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот