Маицата на „Зара“ каква што носеше Бед Бани на Супербоул се продава и до 25.000 евра
Маица од брендот „Зара“, каква што носеше светската поп-ѕвезда Бед Бани за време на настапот на Супербоул, се појави на онлајн платформите за препродажба по неверојатно високи цени – дури до 25.000 евра.
Препорачано
Според пишувањата на „Блумберг“, ограничен број од маиците биле поделени од сопственикот на „Зара“ на вработени во „Индитекс“ (Inditex), само неколку часа по спектакуларниот настап. Со секоја маица била приложена и благодарница од самиот Бед Бани. Но, кратко потоа, дел од овие примероци завршиле на платформи како Vinted и eBay, каде што продавачите поставиле вртоглави цени.
Подоцна во текот на вечерта, Бед Бани се пресоблекол во уште една комбинација од „Зара“ – крем сако со двојно закопчување, кое го искомбинирал со крем ракавици.
Од модните додатоци, вниманието го привлече луксузниот часовник Royal Oak од брендот Audemars Piguet. Станува збор за модел изработен од 18-каратно жолто злато, со бројчаник од малахит. На нозете носеше патики од својата соработка со „Адидас“ – моделот „BadBo 1.0“, кои во продажба излегуваат утре по цена од 160 долари (околу 130 евра).
Иако за настапот на полувремето можеше да избере кој било светски моден бренд, неговата одлука да настапи во шпанскиот бренд „Зара“ не е случајна. Бед Бани најголемиот дел од својата музика ја изведува на шпански јазик, па изборот на моден бренд претставува и симболична поддршка.


