Едното го поттикнува другото: Маѓепсаниот круг на депресијата и губењето на памтењето кај повозрасните од 50 години
Депресијата може да придонесе за губење на памтењето и обратно, утврдиле научниците кои следеле речиси 8.200 Британци во текот на две децении.
Препорачано
Научниците откриле дека „линеарната промена во симптомите на депресијата придонела за забрзано губење на памтењето“ кај испитаниците постари од 50 години. Нивната просечна возраст била 64 години.
Но, не само што депресијата го погодува памтењето, туку точно е и обратното, заклучиле научниците во истражувањето што го објавило Американското медицинско здружение.
– Побрзата промена во меморијата е, исто така, реципрочно поврзана со побрза промена на симптомите на депресија со текот на времето – велат американските и британските научници.
Тимот вклучувал научници и лекари од Универзитетскиот колеџ во Лондон, Медицинскиот центар на Универзитетот во Рочестер и Медицинскиот факултет во Сасекс.
– Психолошкото расположение и меморијата се суштински поврзани – објасниле истражувачите, истакнувајќи дека, иако когнитивната дисфункција веќе претходно била поврзана со депресијата, „насоката на таа врска“ не е јасна.
Учесниците во студијата се прегледувале секоја втора година во периодот од 2002 до 2019 година со тестови за памтење и вербална флуентност и проценки на симптомите на депресија според Центарот за епидемиолошки студии.


