Магдевски прв стрелец во новиот настап за холандскиот Донар Гронинген

фото: kfsm.mk

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Стојан Ѓуроски беше втор стрелец за својот Оуренсе со 13 поени, запиша и две асистенции, но тоа не беше доволно за конечен успех.

Екипата на Естела во еден израмнет меч триумфираше над Оуренсе со резултат 75:69.

Оуренсе има учинок 6-16, а во следното коло ќе биде домаќин на Мелилја, еден од поранешните клубови на нашето крило.

Неговиот репрезентативен колега Андреј Магдевски го одигра еден од своите најдобри натпревари во дресот на Донар Гронинген во рамките од Златната лига во BNXT, лига во која се спојуваат најдобрите пет кошаркарски клубови од Белгија и Холандија.

Во првото коло, Донар загуби на гостувањето кај еден од најдобрите белгиски тимови Антверп Џајантс со 81:88. А бекот Магдевски постигна 15 поени и беше најефикасен во тимот од Гронинген. Освен тоа, додаде уште и седум асистенции, имаше и по два скока и две украдени топки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот