Фото: EPA/Chema Moya

Мадрид ќе има нов шампион, Белгиецот Блокс го елиминираше Каспер Руд

Белгискиот тенисер Александр Блокс се пласираше во полуфиналето на Мастерс турнирот во Мадрид, Шпанија, откако денеска го победи бранителот на титулата од минатата година, Каспер Руд од Норвешка, со 2:0 во сетови 6:4 и 6:4 по еден час и 36 минути игра.

Блокс го доби својот прв брејк во третиот гем, но Руд возврати во осмиот гем и го израмни резултатот на 4:4.

Белгиецот направи брејк на сервисот на Норвежанецот во следниот гем, а потоа ја искористи четвртата сет топка на свој сервис.

Во вториот сет од мечот, Блокс направи брејк во седмиот гем што беше клучно за триумф над Руд.

Ова е прво полуфинале на 21-годишниот Белгиец на мастерс турнирите, а во следната рунда го чека победникот од мечот меѓу третопласираниот играч на светот, Германецот Александер Зверев, и 13 тенисер на АТП листата, Италијанецот Флавио Коболи.

Веќе е позната првата полуфинална двојка, првиот носител на турнирот, Јаник Синер (Италија) ќе игра против Артус Фис од Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот