Лукашенко им се сили на НАТО и на Украина со ракетите „Орешник“, предупредува „да не ѝ се закануваат на Белорусија“
Не велам дека утре ќе ги погодиме Вилнус, Варшава или Киев со „Орешник“. Дај Боже да не дојде до тоа. Тоа не е наша задача. Нашата задача е да ја заштитиме нашата земја. А ако не сакате „Орешник“ да удри, тогаш не мешајте се во нашите работи, ниту од Украина, ниту од Полска, Литванија или од Летонија. Да ги решаваме прашањата на цивилизиран начин, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко
Белорускиот претседател Александар Лукашенко им се закани на земји на НАТО и на Украина со балистичката ракета со среден дострел „Орешник“, објави „РБЦ-Украина“.
Препорачано
Тој ги коментираше изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој рече дека руските ракети „Орешник“ распоредени во Белорусија треба да се сметаат за легитимни цели.
– Не велам дека утре ќе ги погодиме Вилнус, Варшава или Киев со „Орешник“. Дај Боже да не дојде до тоа. Тоа не е наша задача. Нашата задача е да ја заштитиме нашата земја. А ако не сакате „Орешник“ да удри, тогаш не мешајте се во нашите работи, ниту од Украина, ниту од Полска, Литванија или од Летонија. Да ги решаваме прашањата на цивилизиран начин – изјави Лукашенко.
ВИДЕО | Белорусија распоредува ракети „oрешник“ низ својата територија
Тој додаде дека нема само да гледа ако соседните земји почнат да ги сметаат целите на белоруска територија за легитимни.
– На 70 километри, на 200 километри. Имаме средства со кои можеме да ги погодиме. Затоа би ги советувал да не трескаат празни закани. Ако „Орешник“ го сметаат за легитимна цел, добро – рече Лукашенко.
Тој нагласи и дека „Орешник“ е мобилен ракетен систем. Според него, системот може да користи и мамки.
– Со други зборови, десет возила ќе се движат по маршрутата. Одозгора ќе изгледа како десет системи „Орешник“, но само еден ќе биде вистински. За секој отров секогаш постои противотров – изјави претседателот.
Кон крајот на февруари, украинскиот претседател Володимир Зеленски нагласи дека „Орешник“ во Белорусија треба да се смета за легитимна цел за земјите од НАТО.
Тој посочи и дека целиот систем „Орешник“ сè уште не е целосно распоредeн во Белорусија, но дека потребната опрема веќе е доставена таму.
Зеленски потпиша указ за воведување санкции против Лукашенко


