Александар Лукашенко/ Фото: Igor Kovalenko/EPA-EFE

Зеленски потпиша указ за воведување санкции против Лукашенко

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес потпиша декрет со кој се воведуваат санкции врз белорускиот претседател Александар Лукашенко за, како што рече, неговата помош на Русија во војната против Украина, пренесува „Киев индепендент“.

На веб-страницата на украинскиот претседател е наведено дека санкциите против Лукашенко вклучуваат економски мерки, како и забрана за влез во Украина.

Зеленски напиша на платформата X дека Украина ќе соработува со партнерите за да се осигури дека санкциите против Лукашенко имаат глобален ефект.

Украинскиот претседател потсети дека во втората половина од 2025 година, Русите распоредиле систем на релејни станици за контрола на беспилотни летала на територијата на Белорусија, што ја зголемило способноста на руската војска да ги напаѓа северните региони на Украина.

„Повеќе од 3.000 белоруски претпријатија се ангажирани со руската војска и испорачуваат машини, опрема и компоненти категоризирани како критично важни“, рече Зеленски.

Тој истакна дека се развива и инфраструктурата за распоредување на ракети „орешник“ со среден дострел на територијата на Белорусија, што, како што рече, претставува јасна закана не само за Украинците, туку и за сите Европејци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот