Лук, сардина, црвен ориз? Алтернативни лекови за намалување на холестеролот

Фото: Профимедиа

За малку природни препарати е докажано дека се добра помош за намалување на холестеролот, но има и такви кои можат да помогнат.

Пред да одлучите да земате додатоци, секако поразговарајте со лекар, бидејќи понекогаш во комбинација со одредени лекови може да предизвикаат штета.

Научните истражувања покажаа дека високите нивоа на ХДЛ (над 60 мг/дЛ) имаат заштитен ефект од кардиоваскуларните болести како што се мозочен или срцев удар, а од друга страна, ниските вредности на ХДЛ (под 40 мг/дл) или 1 ммол/ Л) го зголемуваат ризикот од срцеви болести. Причини за ниски концентрации на ХДЛ може да бидат: дијабетесот 2, високите нивоа на триглицериди, пушењето, седечкиот начин на живот, некои лекови и наследните причини.

Што да јадете ако имате проблеми со холестеролот?

Одредени намирници, како и промените во исхраната може да влијаат на намалување на лошиот холестерол (ЛДЛ).

Влакна. Само растителната храна содржи влакна, а растворливите се наоѓаат во намирниците како овес, семки, јаболка, цитрусно овошје, леќа и мешунки и се одлични за намалување на нивоата на холестеролот.

Јаткасти плодови. Ореви, бадеми, лешници, ф’стаци и пекан ореви можат да влијаат на нивото на холестерол. Според Американската агенција за храна, ако јадете грст од овие плодови на ден, можете да го намалите и ризикот од срцеви болести. Сè што содржи многу сол можете да го замените токму со овие намирници.

Соја. Без оглед во кој облик ќе ја послужите, сојата е одличен начин за намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести така што ќе влијае на намалувањето на нивоата на холестеролот. Протеините од сојата се наоѓаат во тофу, јогуртот и млекото од соја… Омега-3 масни киселини. Го намалуваат нивото на триглицериди и шансите за појава на срцеви проблеми. Токму овие маснотии ќе го намалат процесот на производство на триглицеридите во црниот дроб, а покрај тоа што имаат противвоспалителни својства, го намалуваат и таложењето на плак во артериите и ја разредуваат крвта. Целта е да внесете најмалку две порции омега-3 масни киселини неделно преку риба, а тоа вклучува лосос, туна или сардини.

Додатоци за намалување на холестеролот

Лук: Може да го намали нивото на холестеролот во крвта за неколку проценти, но само краткотрајно. Но, треба да се биде претпазлив, бидејќи лукот може да го продолжи крвавењето, затоа не смее да се зема пред операција.

Црвен ориз: Може да влијае на намалувањето на нивото на лошиот холестерол. Администрацијата за храна и лекови на САД не го промовира овој производ како агенс за намалување на холестерол.

Други билни производи: Повеќе студии докажаа дека пискавецот, екстрактот од лист на артичока, ајдучка трева и босилек можат да помогнат во намалувањето на нивоата на холестеролот. Тука спаѓаат и ѓумбирот, куркумата и рузмаринот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот