Кралот Чарлс и кралицата Камила / Фото: Instagram / theroyalfamily

Луѓето беа згрозени од пороците на кралицата Камила, но нејзиниот син ја откри вистината

Кралицата Камила, сопругата на кралот Чарлс има две деца со поранешниот сопруг Ендрју Паркер Боулс. Со текот на годините, таа не криеше колку е блиска со нејзиниот син Том и ќерката Лора, тие ја бодреа додека и се справуваше со негативните коментари по смртта на принцезата Дијана.

Деновиве нејзиниот син Том одлучи да стави крај на долгогодишните гласини за лошите навики и пороци на Камила.

Во интервју за „Тајмс“ изјави дека некои информации кои со години се појавуваат во медиумите се „целосно неточни“, особено шпекулациите дека кралицата Камила „пие џин и пуши“. Поточно, тој откри дека неговата мајка никогаш во животот не се напила чашка џин и дека не пуши.

Тој додаде дека гласините веројатно потекнуваат од интервјуто кое неговата мајка го дала за британскиот „Канал 4“.

„Единствено ми е важно што моите родители се среќни, а мајка ми е исклучително среќна во моментов. Секогаш го обожавав мојот очув, тој секогаш беше драг, добар и прекрасен човек. Тој е човек со топлина, интелигенција, човечност и мислам дека ако некогаш се случи, ќе биде фантастичен крал“, изјави Том во една прилика.

Потсетуваме, Камила и Ендру беа во брак 22 години, а неодамна покажаа дека и покрај се останале во коректни односи. Имено, папараците ги снимиле додека лежерно разговараат на промоцијата на книгата на Том, а во еден момент се бакнале и во образ.

Двојката се раздели откако тогашниот принц Чарлс призна дека има афера со Камила. Иако таа и Ендру се изневеруваа во бракот, работите се сменија кога аферата стана јавна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот