На „YouTube“ се популарни се туторијалите за шминкање кои ги снимаат најпознатите светски топ модели. Супермоделот Ирина Шајк сними еден за „Vogue“, а нејзината рутина на шминкање ги изненади луѓето од сите делови на светот.
Додека бјути блогерките на лицето ставаат прајмери, коректори, течна пудра, пудра во прав, бронзери и мноштво други препарати, Ирина Шајк се нашминка само со прстите и употреби само неколку капки течна пудра која ја стави само на одделни делови од лицето.
Светски познатата манекенка е и една од најубавите жени во светот и не користи ниту дел од сето тоа што многу девојки го користат при дневната рутина за шминкање, а таа најчесто вели дека жените треба да ја носат шминката, а не шминката нив.
Во коментарите под видеото на „YouTube“ многумина не го сокрија воодушевувањето на оваа бјути рутина на Ирина.
„Нејзината тајна за добра шминка е едноставно во тоа што и без неа таа е најубава во светот“, се пошегуваа нејзините обожаватели.