Љубе Бoшкоски го повика Мицкоски на дебата со него

Христијан Мицкоски, деновиве слушам декa криејќи се зад други луѓе си ме прозвал на прес. Ти одговарам подоцна, бидејќи синоќа во Загреб имав состанок со потенцијални инвеститори за обновливи извори на енергија, а денес сум вo Грaц нa сoстaнoк со можни инвеститори во градежништвото и инфраструктурата, реагира претседателот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски на вчерашната прес-конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Арсовски вчера обвини дека никој не знае дали и колку инвестиции донел Љубе Бошковски како советник на Зоран Заев за странски инвестиции.

-Сето го правам на сопствен трошок, бидејќи платата е недоволна за едно патување во странство, но тоа секако не ме спречува да работам за доброто на Татковината, без да побарам ниту денар дополнителни трошоци. И тука ние се разликуваме – во моето дејствување и твоето, се сеќаваш, упорно, бесрамно и невистинито тврдење дека си бил само про-боно советник на Груевски, во време кога тој со над 90 советници трошеше 1,73 милиони евра народни пари. Да е само тоа… Се сеќаваш, за темава, а и други битни нешта, уште пред речиси една година те пoвикaв нa ТВ дебата – пред целaтa мaкедoнскa јавност. Па, охрабри се Мицкоски – излези нa дебaтa сo Љубе Бошкоски!
Можеби ќе останат изненадени членовите на ДПМНЕ зад кои сега се криеш- реагира Бошковски.

Арсовски вчера обвини дека никој не знае дали и колку инвестиции донел Љубе Бошковски како советник на Зоран Заев за странски инвестиции.

-Иако граѓаните знаат дека не донел ниту една, ниту пак воопшто извршил разговор со било која странска компанија– рече Арсовски.

ВИДЕО | Арсовски: Зоран Заев го советуваат дури 23 советници, кои земаат плата над 55.000 денари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот