Лоша вест од ЕХФ: Нема Лига на шампиони за Вардар

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска ја потврди одлуката на Извршниот комитет која ја донела во петокот, да не му дозволи на Вардар да учествува во Лигата на шампионите во сезоната 2022/2023 година.

Вардар поради стари долгови нема да игра во ракометната Лига на шампиони?!

Причината за ваквата драконска казна на ЕХФ се побарувања што ги имале поранешни ракометари од „црвено-црните“. ЕХФ му дала рок на Вардар од две години да ги реши проблемите со долговите односно побарувањата што ги имале ракометарите во време кога клубот беше предводен од претходната управа.

Соопштението на ЕХФ ви го пренесуваме во целост:

– Одлуката на Извршниот комитет на ЕХФ следува по период од речиси две години во кој ЕХФ се обидуваше да го реши проблемот со неплаќањата на договорените играчи од страна на клубот и со тоа да го задржи клубот од Скопје на највисоко ниво. Со оглед на тоа што Вардар одлучи активно да го презентира својот став пред медиумите, Европската ракометна федерација одлучи да даде јавен одговор.

Овој одговор е директно доставен до клубот во исто време. Европските натпреварувања на клупско ниво имаат многу чувствителна структура и многу зависат од интегритетот на клубовите-учеснички. За да се расчистат сите работи со Вардар, имаше многу писмена комуникација, па дури и лични разговори и јасни рокови беа дадени од страна на ЕХФ.

За жал, претставниците на клубот не можеа да ги почитуваат овие датуми и поставија стратегија на одложување или дури и неодговарање. Плаќањата беа направени само делумно, а беа преземени неколку обиди датумите да се одложат во следната сезона. Извршниот комитет на состанокот минатиот петок дојде до едногласен заклучок дека Вардар ниту ги исполнил договорените работи, ниту навремено ги завршил плаќањата и со тоа не ги исполнува критериумите за настап во Европските купови во сезоната 22/23.

Депозитот од сметката на ЕХФ веќе беше префрлен на сметката на клубот и дополнително ќе следи трансфер и на преостанатите средства што треба да ги добие клубот. Европската ракометна федерација изрази жалење што беше неопходно да се преземе таков чекор и подвлекува дека тоа не е во интерес на федерацијата, но ситуацијата предизвикана од поранешниот клуб резултираше со дефицити кои не беше едноставно да се покријат преку новиот клуб.

РФМ и пиша на ЕХФ: Исфрлањето на Вардар од ЛШ негастивно ќе влијае на имиџот на ракометот

Михајловски по веста дека ЕХФ го суспендира Вардар од ЛШ: Ова не е конечно, веројатно ќе одиме по судења

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот