Вардар поради стари долгови нема да игра во ракометната Лига на шампиони?!

РК Вардар 1961 /Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Екипата на Вардар која во штотуку завршената сезона ја освои двојната круна во домашните натпреварувања, нема да игра во новото издание на Лигата на шампионите поради неподмирени долгови кон играчите, пишува балканскиот ракометен портал „Балкан-хендбол“.

Вардар по 15 пат шампион на Македонија, двојна круна за „црвено-црните“

Според порталот, на состанокот на Извршниот комитет на ЕХФ во петокот било одлучено Вардар да не добие дозвола за настап во Лигата на шампионите.

Причината за тоа се неподмирените долгови што „црвено-црните“ ги имаат кон поранешните ракометари, односно долговите што останаа од поранешниот сопственик Сергеј Самсоненко во 2017 година.

Минатата година, ЕХФ побара од Вардар депозит од милион евра за учество во Лигата на шампионите, како гаранција дека долговите ќе бидат подмирени и депозитот го поднесе Самсоненко.

Официјалната одлука на Европската ракометна федерација се очекува да биде потврдена  во текот на неделава.

Официјално: Французите ќе го напуштат Вардар, како и Додиќ и Валчак

Разговор со Филип Талески: Мило ми е што репрезентацијата и Вардар добија сигурност во мене

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот