РФМ и пиша на ЕХФ: Исфрлањето на Вардар од ЛШ негастивно ќе влијае на имиџот на ракометот

Фото: РФМ

Ракометната федерација на Македонија се вклучи во обидот Вардар 1961 да не биде исфрлен од Лигата на шампионите поради застарени долгови. Генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски му упати писмо на првиот човек на Европската ракометна федерација Михаел  Видерер, со кое бара ЕХФ да не го исклучува Вардар од ЛШ.

Писмото на РФМ до ЕХФ ви го пренесуваме во целост:

„Македонската ракометна федерација ги цени сите обиди и инвестиции во ракометот на нашите клубови, особено во време на криза. Секогаш се стремиме да помогнеме на клубовите, за да ракометот опстане како спорт број еден во Македонија.

По комуникацијата меѓу ЕХФ и Вардар 1961, за спогодбата на поранешните долгови, која е надвор од нашите ингеренции, ние, како ракометен авторитет би сакале да замолиме да се донесе позитивна одлука за активното учество на Вардар 1961 во натпреварувањата на ЕХФ за 2022/23.

Овој клуб е обновен ракометен бренд, не само во државата, туку и на Балканот. Вардар има голема база на фанови и активно придонесува во развојот на македонскиот ракомет. Не треба ниту да се спомене дека ја освои титулата во Лигата на шампионите во сезоните 2016/17 и 2018/19, а од таа гледна точка, придонесе за нови млади фанови низ светот.

Сметаме дека одлуката за исфлање на Вардар 1961 од Лигата на шампионите, негативно ќе влијае на имиџот на ракометот, не само во Македонија, туку и на Балканот. Поради тоа, уште еднаш, би сакале да ве замолиме да го согледате горенаведеното, пред да ја донесете финалната одлука“, стои во писмото на Филип Милошевски до ЕХФ.

Се очекува „битка“ на раководството на Вардар 1961 и ЕХФ, во која двете страни ќе ги изнесат своите факти и докази. Доколку ракометната куќа на Европа не се предомисли, вардарци ќе останат без настап во Лигата на шампионите, што ќе биде сериозен удар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот