Михајловски по веста дека ЕХФ го суспендира Вардар од ЛШ: Ова не е конечно, веројатно ќе одиме по судења

foto: seha-liga.com

Европската ракометна федерација, според „Балкан хендбол“, донела одлука Вардар да не учествува во претстојното издание на Лигата на шампионите, иако е пријавен. Првиот човек на Вардар ни изјави одлуката не е конечна, а можна е и судска разврска

Постои опасност ракометниот клуб Вардар 1961 да не настапува во Лигата на шампионите идната сезона, иако е пријавен. Според ракометниот сајт „Балкан хендбол“ ЕХФ минатиот петок донел решение Вардар да не добие дозвола за настап во Лигата на шампионите.

Михајло Михајловски, првиот човек на Вардар, за нашиот медиум изјави „тоа е заради долговите од претходното раководство“. Одлуката за суспензија на Вардар од ЛШ 2022/2023 ЕХФ не ја објави официјално, а изгледа во овој момент се уште не е конечна.

Долговите за кои станува збор се оние што „црвено-црните“ ги имаат кон некои некогашни ракометари, односно долговите што останаа од поранешниот сопственик Сергеј Самсоненко.

Сегашниот сопственикот на Вардар, Михајло Михајловски, кој е во Келн и се обидува да го реши проблемот, ни изјави дека одлуката во моментов не е конечна и дека клубот можеби правдата ќе ја бара и на суд.

– Јас сум во Келн. Тие (Извршниот комитет на ЕХФ н.з.) го донеле тоа во петокот, предлог-заклучок. Јас ќе имам разговор со господинот Видерер (претседателот на ЕХФ Михаел Видерер н.з.). Најверојатно ќе одиме по судења. Ние денеска ќе им го напишеме тоа. Тоа е заради долговите од претходното раководство. Ова не е конечно. Ќе видиме – ни даде денеска кратка изјава Михајло Михајловски.

Утре треба да има поопширна информација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот