Лордот повторно изненадува: Влегувам во тоалет, а таму 12 играчи пушат и пијат кафе…

epa07850912 FC Copenhagen's Nicklas Bendtner attends a training session in Copenhagen, Denmark, 18 September 2019. FC Copenhagen will play against FC Lugano in their UEFA Europa League match on 19 September. EPA-EFE/LISELOTTE SABROE DENMARK OUT

Популарниот лорд, Никлас Бендтнер со само 32 години, „преживеа“ три животи на и надвор од фудбалските терени.

Данскиот фудбалер помина буквално се, беше „вундеркинд“ со само 16 години, играше во Арсенал заедно со легендите како Анри, се вљуби во ноќнио живот па прокоцка речиси се што заработи и заврши во домашен притвор бидејќи претепа таксист.

Поради тоа неговата автобиографија која ја објави неодамна е една од најинтересните и претставува извор на неверојатни агендоти од кои една е од времето додека настапуваше за Јувентус.

Лордот во разговор за утринската емисија на Би-Би-Си се потсети како изгледаше неговиот прв ден во Јувентус.

Дојдов на првиот тренинг во Јувентус и не можев да ги пронајдам соиграчите, се прашував каде се сите, дали можеби погрешив? – се потсетува Бендтнер на случувањата од вториот дел од сезоната 2011/12 која ја помина на позајмица во „старата дама“.

– А потоа ги видов сите во тоалет… Беа 10-12 и знаете што правеа? Пушеа, пиеја кафе и разговараа. тоа беше неверојатно, уживав во тоа! Такви работи нема во Англија – вели Лордот.

Данецот открива дека стаствени пушави беа легендите на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло и Џанлуиџи Буфон.

– Зборуваа за Балотели кога дојде во Премиер лигата дека постојано пуши во тоалет, но вистината е дека многу фудбалери во Италија се пушачи. Но, без разлика на тоа, сите тие се врвни професионалци – додава Бендтнер.

„Лордот“ без влакна на јазикот: Им плаќав за силикони на жените поради уцени

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот