„Лордот“ без влакна на јазикот: Им плаќав за силикони на жените поради уцени

epa07203777 Rosenborg's Nicklas Bendtner celebrates after winning the Norwegian Football Cup 2018 beating Stroemsgodset 4-1 at Ullevaal Stadium in Oslo, Norway, 02 December 2018. EPA-EFE/FREDRIK HAGEN NORWAY OUT

Данскиот фудбалер Никлас Бендтнер кој исто така е познат по прекарот “Лорд“ и во минатото настапуваше за Арсенал, неодамна објави автобиографска книга во која ја опиша својата контроверзна кариера.

Во книгата „Лордот“ открива дека за 90 минути колку што трае и еден фудбалски натпревар знаел да загуби и 400.000 евра на рулет, а посебно поглавје им посвети на жените.

Бендтнер открива дека една жена го уценувала и барала да и плати операција за вградување на силикони.

Една од девојките со кои бев дојде кај мене со приказна дека е бремена. Ми рече дека за се постои цена, дури и за тоа што ќе го направи во тој момент. Кога ја прашав што значи тоа, таа ми одговори„Тоа значи дека ќе ги платиш моите нови гради“. На крајот го направив тоа“, открива Бендтнер.

Контроверзниот дански фудбалер ги потврди шпекулациите на англиските медиуми дека фудбалерите често ги користат услугите на проститутките, дури и во ноќта пред најважните натпревари.

Доколку сакате да извршите неверство, тогаш е многу подобро да изнајмите проститутка отколку да „соберете“ некоја девојка во град. Помал е ризикот. Знам за многу ситуации каде девојките сакаа секс со фудбалерите од Премиер лигата, а потоа ќе ве фотографираа и ќе ве уценуваа – вели Бендтнер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот