Фото: Profimedia

Љубовниот живот на Неда Арнериќ: Актерката се мажеше трипати, а јавноста ја осуди за љубовта со 32 години постариот сопруг

Љубовниот живот на Неда Арнериќ беше исполнет со големи љубови кои оставија длабока трага во нејзиниот живот, пишува „Стил“.

Првпат, актерката се омажи за својот колега Дејан Караклајиќ. Се запознале за време на снимањето на филмот „Ужичка република“, а поради големата љубов која се случила ненадејно, му се јавила на својот агент и му соопштила дека одбива улога затоа што се мажи.

Следниот брак исто така ја шокираше јавноста. Судбоносното „да“ му го изговори на славниот актер Раде Марковиќ, кој беше постар од неа за 32 години, што ја направи оваа љубов „забранета“.

„Ах, Раде Марковиќ е и тоа како значаен за мене. Со него поминав три прекрасни години. Сега ми е чудно колку беше постар од мене, но меѓу нас сè функционираше феноменално. Не сфаќав зошто сите се згрозуваат и фаќаат за глава поради нас двајца, вклучително и мојата мајка. Можете да замислите“, изјави Неда Арнериќ, зборувајќи за разликата во годините.

„Дури 32 години е огромна разлика која јас не ја чувствував. Со него научив да сакам сериозна музика, да читам паметни писатели, да се подготвувам за театарски улоги. Научив да скијам, да играм тенис, заедно шетавме по планините, ја засакав природата… Ни беше прекрасно. И додека Раде беше жив, секогаш кога ќе се сретневме со носталгија се потсетувавме на тие години. Тој имаше голема улога во мојот живот“, раскажа Арнериќ.

Арнериќ во филмот „Ко то тамо пева“ / Фото: Centar Film / Christophel Collection / Profimedia

Актерката ја пронајде својата најголема љубов во Милорад Мештеровиќ, со кого беше во брак три и пол децении. Неговата смрт многу тешко ја поднесе. Мештеровиќ беше угледен доктор и претседател на Светското здружение на стручњаци за максилофацијална хирургија. Се запознале кога дошол да ја гледа претставата „Мушица“ во театарот „Двориште“ во септември 1981 година.

Иако неизмeрно се сакаа и имаа речиси совршен семеен живот, една празнина остана – немањето деца.

„Немам деца, но тоа не е затоа што не ги посакував, едноставно не ми се посреќи. Сепак, од таа ситуација можам да заклучам дека од секое зло не мора да произлезе зло. Денес гледам дека во овој нарушен систем на вредности е многу тешко да се воспитуваат деца, а тоа убаво ми го објасни една моја пријателка. Таа рече дека децата се како проект. Иако тоа ми звучеше како ладна изјава, ми објасни дека на децата треба да се гледа како на архитектонски проект кој треба да се гради и во кој мора многу да се вложува за да не се урне. На крајот, може да излезе совршен, но може и да пропадне. Такво е воспитувањето денес, што не беше случај во мое време. Ние сами растевме и немаше страв од улицата“, искрено призна Неда во 2011 година.

Иако често беа разделени поради нејзините снимања и неговата работа, тоа никогаш не беше пречка за нивната љубов. Милорад секогаш ѝ беше поддршка и потпора.

Мештеровиќ почина на 21 јануари 2019 година по долга и тешка болест, што беше огромна загуба за глумицата. Неговата смрт никогаш не ја преболе, а на вечниот пат му се придружи помалку од една година подоцна, на 10 јануари 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот