Линдвик го освои и Инсбрук, Кубацки лидер на Новогодишната турнеја (ВИДЕО)

фото: твитер

Норвежанецот дојде и до вториот триумф (по ред) и сериозно се вмеша во борбата за престижниот трофеј, последната скокалница е во Бишофсхофен.

Денеска на ред дојде и третата скокалница од Новогодишната турнеја, досегашниот лидер Рјоју Кобајаши потфрли во Инсбрук, а сега на врвот во генералниот пласман е Давид Кубацки.

Полјакот Кубацки го освои второто местона скокалницата „Бергизел“ и тоа му беше доволно во вкупниот пласман на Новогодишната турнеја да го престигне Јапонецот.

Но, ќе се води голема борба за трофејот до последниот скок за два дена на последната четврта скокалница во Бишофсхофен.

Победник на натпреварувањето во ски скокови во Инсбрук е Мариус Линдвик, кој поврза две победи, претходно славеше и во Гармиш-Партенкирхен на 1 јануари.

Норвежанецот е во својата најдобра форма, две досега единствени победи во сениорска конкуренција.

Во Инсбрук триумфираше со скокови од 133 и 120,5 метри и вкупно 253,3 бодови, пред Кубацки со 133 и 120,5 метри (252 поени) и трет беше Даниел Андре Танде, уште еден Норвежанец со 126 и 131 метри (249,3 метри).

На табелата води Кубацки со 830,7 бодови, пред Линдвик (821,6), а третопласиран е Гајгер од Германија (817,4). Новогодишната турнеја завршува в понеделник (6 јануари) со скоковите во Бишофсхофен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот