Изненадување во Гармиш: Линдвик за прва победа во кариерата (ВИДЕО)

фото: твитер

И покрај денешниот триумф на норвешкиот натпреварувач, ски скокачот од Јапонија Кобајаши и натаму води во генералниот пласман.

Дојде крај на фантастичната серија на Рјоју Кобајаши на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“. После пет победи по ред во минатата и оваа сезона, Јапонецот остана без триумф во Гармиш-Партенкирхен.

Денеска блескаше досега помалку познатиот Мариус Линдвик, млад ски скокач од Норвешка кој досега немаше ниту еден триумф во својата кариера. Линдвик со 143,5 метри скокаше во првата серија, дури шест и пол метри подолго од второпласираниот Давид Кубацки.

Во втората серија Норвежанецот имаше скок од 136 метри и за вкупно 4,8 бодови повеќе од Карл Гајгер дојде до првата победа во кариерата.

Гајгер заврши на втората позиција, пред Кубацки, додека Кобајаши беше четвртопласиран, но со доволно поени да го задржи засега водечкото место во генералниот пласман на Новогодишната турнеја.

Наредната трета скокалница ќе биде на 4. јануари во Инсбрук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот