Лига Европа: Пролет двата меча со Гранолјерс ќе ги игра во Шпанија

Фото: rkprolet.mk

Екипата на Тинекс Пролет ги стартуваше подготовките за новата сезона, во која овој клуб ќе прослави и фантастичен јубилеј – 60 години постоење..

Во новата сезона екипата влегува со нов тренер, Андон Бошковски, но амбициите остануваат исти, најпрвин влез во плејофот, а потоа и обезбедување на пласман во ракометна Европа.

На денешната прва прозивка присутни беа и двете засилувања кои се потпишани за новата сезона, голманот Петковски и десниот бек Голубовиќ.

– Задоволство ми е да ви посакам добредојде на овој прв тренинг и да ви посакам многу среќа во наредната сезона. Поголемиот дел од играчите се оние кои лани го освоија третото место и остварија огромен успех, засилени со уште неколку квалитетни ракометари. Ова е сезона во која ќе славиме голем јубилеј – 60 години постоење на Пролет како ракометен колектив и искрено се надевам дека тоа ќе го крунисаме со нови добри резултати – изјави претседателот Душко Кадиевски во обраќањето кон играчите и тренерот Бошковски.

Воедно, во договор со екипата на Гранолјерс беше донесена одлука двете средби од првото квалификациско коло за Лигата на Европа македонскиот претставник да ги одигра на гостински терен во Шпанија. Тинекс Пролет најпрвин понуди двата меча да се играат во Скопје, но Шпанците одбија ваква опција поради строгите протоколи при враќањето назад во земјата. По ова, беше постигнат договор двете средби да бидат одиграни на теренот на Гранолјерс, на 3 и 4 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот