ЛЕСЕН, СОЧЕН И ОСВЕЖУВАЧКИ: Мраморен колач со богат фил од ЈАГОДИ

Овој колач е лесен, сочен и освежувачки, а покрај тоа се подготвува многу брзо и лесно, пробајте и уживајте во вкусот…

 

Состојки:

200 грама путер (собра температура)

120 грама шеќер

Кесичка ванилин шеќер

4 јајца

200 грама брашно

Сок од 1-2 лимони

Полна лажица прашок за печиво

100 грама чоколадо

Лажица какао

Рум

 

Крем:

500 грама маскрапоне

2 дл павлака за шлаг

70 грама шеќер

250 грама јагоди

70 грама шеќер

Кесичка црвен прелив за торта или црвен желатин

 

Подготовка:

За тестото пенасто изматете го путерот и ванилиниот-шеќер. Додадете едно по едно јајце и брашно со прашок за печиво. Тестото е густо. Додадете сок од лимон и рум, по желба.

Половина смеса ставете ја со лажица во плех обложен со жолта смеса и израмнете. Печете околу 20-25 минути на 170 степени. За кремот прво исецкајте ги јагодите со шеќер и малку лимонов сок како пире.

Потоа додадете го маскрапонето и изматената слатка павлака. Преку мраморниот колач ставете го кремот, а преку кремот преостанатите јагоди исецкани на листови. Прелијте со црвениот прелив или желатин.

Уживајте!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот