Лепа Брена без влакна на јазикот! Во емисија во живо го откри најчудното место на кое водела љубов

Фото: TV Pink / Printskrin

Регионалната фолк ѕвезда Лепа Брена со децении е вљубена во поранешниот тенисер Боба Живоиновиќ, со кого и се омажи.

За многумина тие се асоцијација на долг и квалитетен брак, а Брена во емисијата „Амиџи шоу“ открила дека и тие имале падови и кризи, од кои излегле како победници.

– Ние тие детски бубачки ги поминавме многу порано. Тој беше остварен професионално, по тенисот продолжи да се занимава со различни работи, многу успешно. Боба го сака животот, го сака семејството, а јас сум личност која сака да следи некого и која сака да има цврсто рамо покрај себе, да можам да се потпрам и да имам силна личност покрај себе. Многу специфичен однос, а ние навистина го негуваме. Сите луѓе кои го негуваат односот прават добри резултати, но никогаш не можете да потпишете и да гарантирате – признала Лепа Брена.

Водителот Огњен Амиџиќ потоа ја ставил Лепа Брена на тест, на кој таа требало да одговара на незгодни прашања.

Едно од нив било да открие кое е најнеобичното место каде што водела љубов.

– Автомобил – рекла Брена која се засрамила и се фатила за глава, а Амиџиќ почнал да се смее.

– Ако можам да поставам потпрашање, околу автомобилот или во автомобилот? – љубопитно прашал Амиџиќ.

– Во автомобилот – рекла пејачката, но не сакала да открие повеќе детали.

Во гостувањето во „Амиџи шоу“, Лепа Брена открила и колку пари успеала да заработи за еден ден.

– Малку и ќе ја намалам цифрата… Ете, 150.000 евра. Ќе ја продадеш куќата и ќе заработиш 10 пати повеќе. Или автомобил, така… – рекла пејачката.

ФОТО | Ги покажа нозете долги 2 метра: Лепа Брена насмеана ужива во егзотичен коктел

Единаесет месеци однапред: Лепа Брена го распродаде третиот концерт во Загреб, најави и четврти

ВИДЕО | Каква фешта! Брена и Чола изведоа заеднички безвременски хит на сцена! Таа го крена фустанот, тој ја погали по бедрото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот