Единаесет месеци однапред: Лепа Брена го распродаде третиот концерт во Загреб, најави и четврти

Фото: Инстаграм/Лепа Брена

Регионалната музичка дива Лепа Брена го распродаде третиот последователен концерт во Загрепската арена и најави четврт концерт пред хрватската публика.

Во изјава за хрватското радио „Екстра ФМ“, пејачката им се заблагодари на обожавателите за големиот интерес.

„Уживам во оваа прекрасна зимска вечер покрај запален камин и чаша вино, многу сум среќна што се слушам со вас! Се надевам дека оваа зимска ноќ е пријатна и за вашите слушатели. Голема благодарност до публиката од Хрватска, Загреб и сите оние кои досега купија билети за 6 и 7 декември. Со задоволство можам да кажам дека и концертот на 9 декември е распродаден и свечено најавувам дека, поради големиот интерес на нашата публика, ќе имам концерт и на 10 декември“, изјави таа.

Фото: Инстаграм/Лепа Брена

„Навистина имам една голема, искрена желба да ѝ се заблагодарам на мојата публика за сета поддршка, да излеземе од 2024 година среќни, весели, со позитивна енергија, што ќе ни треба за концертите. Сигурно овие концерти ќе бидат многу иновативни, посебни и различни. Сакам да ја задоволам публиката со визуелни и музички новитети. За мене е важно мојата публика да дојде среќна, расположена, да ја памети и да ја носи таа добра и позитивна енергија со себе долго време кога ќе завршат концертите. Ќе бидат концерти за паметење, тоа можам да ѝ ветам на мојата публика“, додаде таа.

Инаку, Лепа Брена ќе настапи на 6, 7, 9 и 10 декември во Загрепската арена и е на пат да го повтори успехот на нејзината снаа Александра Пријовиќ, која лани имаше пет последователни концерти во истата концертна сала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот