ФОТО | Ги покажа нозете долги 2 метра: Лепа Брена насмеана ужива во егзотичен коктел

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Славната пејачка Лепа Брена пред неколку дена го прослави својот 63-тиот роденден, а многумина велат дека годините не ѝ можат ништо и дека изгледа сè подобро.

Брена од неодамна е активна на социјалните мрежи, а сега на Инстаграм сподели фотографија од излегување, на која е во елегантно издание.

Пејачката била цела во бело, долгите нозе биле во преден план, а црвениот кармин и црвената чанта од луксузниот бренд „Шанел“ го комплетирале нејзиниот стајлинг.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/Лепа Брена

Инаку, Брена еднаш истакна дека не ги сака своите родендени.

– Ако некој е реален и свесен за минливоста на времето, како што сум јас, ќе ужива во сè. Имам причина да уживам, бидејќи сум свесна за сè што сум постигнала и имам прекрасно семејство. Сè уште реално и рационално размислувам за животот и уживам во постигнувањата и целите што си ги поставив.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/Лепа Брена

– Среќна сум кога моите деца ги реализираат своите цели и кога сè оди по својот нормален тек. Среќна сум кога Боба и јас имаме наши планови. Јас функционирам според системот да пеам, но да го ставам појасот (се смее). Работам, а потоа има и причина и да се радувам на годишниот одмор. Инаку, јас не сум љубител на сопствените родендени, повеќе сакам туѓи и детски родендени. Единственото место каде што сакам да бидам во центарот на вниманието се моите концерти, сè друго ми е премногу.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/Лепа Брена

Секако, одушевените обожаватели коментираат под фотографиите на Брена: „Најубава си!“, „Кралица“…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот