ВИДЕО | Каква фешта! Брена и Чола изведоа заеднички безвременски хит на сцена! Таа го крена фустанот, тој ја погали по бедрото

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Балканските музички ѕвезди Здравко Чолиќ и Лепа Брена синоќа настапија заедно на фестивалот „Копаоник мјузик вик“.

Лепа Брена и Здравко Чолиќ се двете најголеми југословенски ѕвезди, а нивните повеќедецениски кариери и многубројната публика го оправдуваат овој ласкав статус.

Никој не очекуваше дека на затворањето на сезоната во рамки на фестивалот ќе се случи нешто толку спектакуларно, но синоќа на публиката ѝ беше приредено нешто за што долго ќе се зборува – Лепа Брена му се придружи на Здравко Чолиќ на сцената и заедно предизвикаа хистерија кај публиката!

Легендарниот Чола ја вжешти атмосферата, а заедничката изведба со Лепа Брена на легендарната песна „Пусти, пусти мода“ беше врв на вечерта, кој ја остави публиката без здив. Комбинацијата на нивните неверојатни гласови и харизмата создаде незаборавен момент кој ќе остане врежан во сеќавањето на сите присутни.

 

Брена се појави во фустан со длабок изрез до колковите во кралско сина боја и во сребрени сандали. Откако срдечно се прегрнаа и бакнаа на сцената, во еден момент, во текот на изведбата на песната, Брена го крена фустанот и ја разголи ногата, а Чолиќ ја погали долж ногата.

Овој гест на двете музички ѕвезди дополнително ја вжешти атмосферата меѓу публиката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот