Лео Меси наредното лето се сели во Премиер лигата!?

EPA-EFE/ANDREU DALMAU

На почетокот од минатиот месец аргентинската ѕвезда одлучи да остане на„Камп Ноу“, но Англичаните и натаму инсистираат дека играчот не се откажа од одлуката да го напушти каталонскиот клуб.

Лионел Меси како што тврди британскиот „Дејли Мирор“ ќе се раздели со Барселона и наредното лето би можел да направи трансфер во Манчестер сити. Аргентинецот нема ништо против Куман, но е многу критичен кон луѓето кои го водат клубот, односно неодамна јасно потенцираше во пораката до Суарез што мисли за претседателот Жозеп Марија Бартомеу.

Од друга страна, Барса одлучи да молчи, ќе видиме дали Бертомеу ќе си замине, но Меси потенцира дека претседателот е само еден од луѓето во клубот.

Во Манчестер сити велат дека би отстапиле од своите финансиски ограничувања и би се обиделе да го ангажираат еден од најдобрите фудбалери во светот.

– Јасно е дека мора да бидеме подготвени да најдеме начин, но и другите клубови дефинитивно нема да се откажат. Меси е најдобриот играч на светот, ќе ги разгледаме опциите – рече еден од главните оперативци во премиерлигашкиот клуб Сити, Омар Берада.

Каталонците беа поразени од Хетафе во рамките од шпанската „Ла Лига“, неуспешни во „експериментот“ со Педри и Дембеле.

Гризман и натаму не може да се препознае, медиумите одамна го загубија трпението, прашање е што ќе направи тренерот Куман, иако тој нема подобар напаѓач, може да комбинира со Меси, а веќе одреден период се шпекулира доаѓањето на Мемфис Депај во зимскиот преоден рок 2021.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот