Лекарите од Бања Лука маките си ги кажаа преку оваа невообичаена новогодишна елка

Незадоволните работници на Институтот за физикална медицина „Д-р Мирослав Зотовиќ“ во Бања Лука минатиот викенд закачија „транспаренти“ на елката која е поставена во сала за вежбање на кои се испишани пораки кои се невообичаени за новогодишна елка. „Сакаме плата“ побараа медицинските работници од институтот.

Работниците во оваа здравствена установа утрово одржаа краток предупредувачки штрајк поради доцнење на платата.

Во текот на денот тие добија известување дека платата ќе ја добијат во текот на наредните денови.

Оваа необична новогодишна елка ја забележале пациентите кои доаѓале на вежбите тој ден, но пораките од елката набргу биле отстранети, пишува Српскаинфо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот