Лекарите го открија времето на појадок кое ќе ви го продолжи животот: Секогаш појадувајте во овој период од денот

Фото: Профимедиа

Веќе е познато дека појадокот е најважниот оброк во денот, но новост е дека експертите веруваат дека треба да се јаде во зори. Имено, според новото истражување, појадувањето до 7 часот би можело да го продолжи животот.

Претходните истражувања покажаа дека јадењето доцна навечер го нарушува внатрешниот часовник на телото и го зголемува ризикот од развој на дијабетес тип 2 и срцеви заболувања. Меѓутоа, само неколку студии се занимавале со прашањето дали времето за појадок има слично влијание. Поради тоа, научниците од Универзитетот во Њујорк сакале да откријат дали времето на првиот оброк во денот е поврзано со долговечноста.

За таа цел, тие неколку децении следеле повеќе од 34.000 Американци на возраст над 40 години. Волонтерите го бележеле времето на оброците, а научниците ги споредиле со стапката на смртност во текот на студијата.

Резултатите, објавени во списанието „Journal of Nutrition“, покажале дека оние кои појадувале помеѓу 6 и 7 часот наутро имале шест отсто помали шанси дека прерано ќе умрат од сериозни болести како што се срцевите заболувања или рак, отколку оние кои појадувале редовно во 8 часот наутро, како и 12 отсто помал ризик од рана смрт од оние кои го консумирале првиот оброк во 10 часот.  Се разбира, постојат и други студии кои се потпираат на ова истражување.

Се смета дека прескокнувањето на појадокот или јадењето доцна го нарушува телесниот „часовник за исхрана“ – внатрешното програмирање кое го контролира ослободувањето на хормоните поврзани со хранењето, како што е инсулинот. Овој хормон помага во согорувањето на гликозата од крвотокот, а неговото ниво го достигнува својот врв во раните утрински часови. Јадењето подоцна може да значи дека телото постепено произведува помалку инсулин и го зголемува нивото на гликоза во крвта, што доведува до дијабетес и срцеви заболувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот