Лекар со лажна диплома шест години ги лечел вевчанци?

Фото: ТВ Алфа / принтскрин

Лекар без никаква диплома, кој воопшто немал завршено медицински факултет, цели шест години ги лекувал жителите на Вевчани, објави ТВ Алфа. Надлежните го истражуваат случајот.

Сомнежот меѓу жителите се јавил уште пред неколку дена, кога низ селото брзо се пренела информацијата дека Здравствениот дом во Вевчани го „чешла“ полицијата, за набрзо потоа да се расчуе дека всушност се проверува целокупната документација и печатите кои ги користел 33-годишниот лекар со спорна диплома, кому шест години му го доверувале нивното здравје.

„Дозволете најпрвин органите на прогонот да си ја завршат работата, а потоа јас ќе се произнесам за целиот случај, до тогаш не би коментирал ништо“, изјави за Алфа Јован Стојкоски, директорот на Здравствен дом Вевчани.

Лекарот чие образование е спорно веќе една недела не работи, додека се испитува случајот. Во Здравствениот дом инаку се лечат пациенти од Охрид, Струга и околните места.

Од полиција кусо велат дека работат на расветлување на случајот и на утврдување на околностите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот