Лекар предупредува дека нанесувањето парфем на вратот може да биде опасно
Многумина не размислуваат за ова, но со секојдневни навики можат ненамерно да си наштетат. Не се препорачува купување парфеми од продавачи кои нудат копии на познати брендови, бидејќи нивниот состав често не е познат. Специјалистот д-р Матео Басети предупредува дека нанесувањето парфем директно на вратот, иако е вообичаена практика, може да има негативно влијание врз тироидната жлезда и да ја наруши нејзината функција, што понатаму може да влијае на метаболизмот. Наместо тоа, препорачува парфемот да се нанесува на зглобовите, внатрешната страна од лактите или на облеката, каде ризикот е значително помал.
Препорачано
Зошто парфемот може да биде штетен?
На прашањето дали е здраво парфем да се нанесува директно на вратот, одговорот на д-р Басети бил јасен: тоа не е препорачливо. Вратот се наоѓа директно над тироидната жлезда, која е клучна за регулирање на метаболизмот, енергијата, телесната температура и хормоналната рамнотежа. Дополнително, кожата на вратот е тенка и чувствителна и има помалку природна заштита.
Што вели науката?
Истражувања покажуваат дека во мирисните производи може да има супстанции што го нарушуваат хормоналниот систем. Овие материи, при долготрајна изложеност, можат да влијаат врз хормоналната функција преку кожата или вдишување.
Вратот е и важен дел од лимфниот систем, бидејќи содржи лимфни јазли и садови кои помагаат во филтрирање на штетни материи и поддршка на имунитетот. Поради тенката и чувствителна кожа на ова место, постои поголем ризик од негативни реакции.
Дополнителни ризици
Алкохолот во парфемите може да ја исуши кожата и да ја направи поосетлива, особено при честа употреба. Затоа се препорачува избор на производи без алкохол.
Исто така, некои природни состојки, како есенцијални масла од бергамот или горчлив портокал, можат да предизвикаат чувствителност на сонце. Тоа значи дека при изложување на сончева светлина може да се појават иритации, дамки или воспаленија на кожата, особено на чувствителни делови како вратот.
Кој е најмногу изложен на ризик?
Иако секој може да биде погоден, поголем ризик има кај лица со кожни проблеми како дерматитис или со заболувања на тироидната жлезда. Потенцијалните последици од долготрајна изложеност може да вклучуваат кожни реакции, астма, па дури и сериозни заболувања.
Затоа, експертите советуваат внимателност при избор и користење на парфеми, особено кога станува збор за производи со непроверен квалитет.


