Легендата на лондонските „сини“, Лампард: Апсолутно сега би потпишал за Челси
Менаџерот на Челси, Френк Лампард изјави дека гледа намери во клубот да ја подобри ситуацијата во наредните години, пренесува „Скај Спортс“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Лондонските „сини“ моментно се наоѓаат на 11 позиција на табелата во Премиер лигата и има мали шанси следната сезона да стигне до местата кои водат во европските клупски натпреварувања.
– Апсолутно би потпишал за Челси сега. Има толку многу добри работи за овој клуб. Поговорката вели дека формата е минлива, а квалитетот е постојан. Гледам фантастични намери за подобрување на клубот. Многу од великаните на светскиот фудбал поминуваат низ овој процес на некој начин и што поуспешно го надминете, толку повеќе пехари ќе освоите кога ќе дојде време да наплатите за сето ова – рече Лампард.
Тој додава дека му е драго што е дел од позитивните процеси во клубот од „Стемфорд Бриџ“.
– Тоа е примамлив предизвик. Најлесно е да се приземји со падобран на место каде што сè е уредено и успешно. Учинокот на домашен терен не е одличен. Ниту откако пристигнав, ниту пред мене. Човечки е тоа да создава нервоза кај играчите и тренерите. Единствениот начин да се надмине кризата е да се обиде да ги направи вистинските работи. Бев во ситуација во која сега се моите играчи. Едноставно мора да ја надминат – се зборовите на Лампард.
Како играч Лампард имаше голем број на успеси со Челси, трипати ја освои Премиер лигата, четирипати ФА купот, по двапати Лига купот и Комјунити Шилд, а по еднаш Лигата на шампионите и Лига Европа.


