Легендарните „Вајтснејк“ ќе настапат и во Скопје на својата проштална турнеја

Легендарната хард-рок група „Вајтснејк“ уште еднаш ќе ја посети Македонија, овојпат во рамките на она што е најавено како нејзина проштална турнеја.

Организаторот „Авалон продукција“ објави дека ова ќе биде голем и последен концерт кој ќе се случи на 12 јули 2022 година, на стадионот на АРМ, со почеток од 21 часот.

Иако сите албуми им се врвни, а концертите енергични и спектакуларни, фронтменот на бендот Дејвид Кавердејл одлучи во 2022 година да стави крај на „Вајтснејк“. Впрочем, тоа е одлука само на најголемите, а крај без Скопје и Македонија, едноставно не е возможен.

Харизматичниот рокер, кој воедно е еден од најдобрите рокенрол пејачи на светот на сите времиња – Дејвид Кавердејл заедно со „Вајтснејк“, пред македонската публика ќе ги изведат најголемите хитови со кои израснаа многу генерации.

„Here I go again“, „Is this love“, „Fool for your loving“, „Still of the night“, „Love ain’t no stranger“, „Give me all your love“, „Ain’t no love in the heart of the city“ и уште многу други, се само дел од големите хитови на легендарните „Вајтснејк“ што ќе прозвучат на стадионот на АРМ.

Фото: Промо/Авалон

– Возбудени сме и со радост го очекуваме настапот во Скопје каде што на оваа последна турнеја заедно ќе го славиме наследството на „Вајтснејк“, кое речиси 50 години ги освојуваше светските топ листи. Благодарен сум што сѐ уште одиме на турнеи низ светот. Сето ова време го уживав и ги славев сите незаборавни моменти со милиони фанови што беа дел од ова исклучително патување и на кое ме поддржуваа во истото. Навистина го сакам заедничкото искуство со моите неверојатни музичари и едноставно ја сакам мојата работа и секогаш ќе ја сакам… речиси пет декадентни и вкусни децении. Ви благодарам! – рече Дејвид Кавердејл по повод прошталната турнеја.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба в среда, 24 ноември во 9 часот преку продажната мрежа на „Авалон“ низ Македонија и онлајн на avalon.mk по следниве цени и категории:

ПАРТЕР: 1.500 денари
ФАН ПИТ: 2.000 денари

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот