Легендарниот Роналдињо му се враќа на фудбалот!?

EPA-EFE/Antonio Lacerda

Во Биркиркара од 2017 година до крајот на минатата сезона настапуваше поранешниот македонски репрезентативен голман Кристијан Наумовски (30) кој летово се пресели во Балзан.

Легендата Роналдињо (39) своевремено ги бранеше боите на ПСЖ, Барселона, Милан, а последен клуб му беше Флуминенсе.

Со Барса двапати ја освои „Ла Лига“, два трофеи во шпанскиот Суперкуп, а еднаш се закити и со титулата во Лигата на шампионите во сезоната 2005/06. Со Милан беше шампион во Серија А во сезоната 2010/11.

Воедно и со многубројни индивидуални признанија, а медиумите шпекулираат би можел повторно „магионичарот со топката“ да го гледаме на терените.

Биркиркара е во преговори за ангажман на Роналдињо, дали ќе бидеме сведоци на сензационален „кам-бек“, 18 месеци по објавувањето на неговата пензија?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот