Легендарниот хокејар Јаромир Јагр професионално игра на возраст од 51 година

foto facebook@HC Dynamo Pardubice

Јагр ја започна својата 36. професионална сезона со желба да му помогне на клубот чиј сопственик е, Кладно најтс, да оствари подобар резултат во чешката лига

Легендарниот чешки хокејар Јаромир Јагр го имаше своето деби сезонава на 51-годишна возраст за клубот од неговиот роден град Кладно најтс, во чешката лига.

Јагр со тоа ја започна својата 36. професионална сезона со желба да му помогне на Кладно да се врати од 3-0 против лидерот во лигата Пардубице. Кладно на крајот го израмни резултатот, но на крајот прими гол за да загуби со 4-3.

Јагр на мразот мина 13 минути и 44 секунди. Тој не разговараше со новинарите по натпреварот, но тренерот Отакар Вејвода го нарече придонесот на Јагр „одличен“.

Неговото враќање се очекува да биде засилување за Кладно, кој е претпоследен на табелата.

Јагр заигра првпат сезонава во 26. натпревар на Кладно, но доцните стартови не се невообичаени за Јагр, кој минатата сезона старуваше во 27. коло.

Јагр го направи своето хокејарско деби како тинејџер, токму за Кладно и се врати во клубот (кој сега го поседува) во 2018 година, откако Калгари флејмс го отпушти вториот водечки стрелец во постигнати поени во НХЛ на сите времиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот