Легендарен ски-скокач денес ги поправа автомобилите: „Тежок е животот на суперхеројот“

Јане Ахонен, финскиот ски-скокач освои 10 медали на Светските првенства/Фото: EPA-EFE/DANIEL KOPATSCH

Еден од најдобрите ски-скокачи во историјата, Финецот Јане Ахонен (44) веќе некое време живее далеку од јавноста и спортот што го направи популарен.

Во текот на својата долга кариера, Ахонен вкупно 108 пати беше на подиумот и имаше 36 победи на Светските првенства, а последната ја имаше во март 2008 година. Тој и натаму е единствениот скокач во историјата кој петпати успеал да победи на турнејата „Четири скокалници“

Денес тој се занимава со сосема различни работи, им се посвети на автомобилите и приколките.

– По летото 2020 година, сè уште работев во Скијачката федерација. Ја сакав таа работа и можев да ја продолжам, дури и со подобра плата, но премногу ме потсети на животот што го имав како професионален спортист. Имаше многу патувања, некогаш бев одговорен само за себе, и работејќи во Федерацијата го следев целиот тим. Ми недостасуваше нешто – рече Ахонен за финскиот медиум „Илта Саномат“.

– „Мило ми е што живеам како обичен човек“

Тој главно се фокусираше на изработката и продажбата на приколки. Тој е среќен што конечно живее како обичен човек.

– Главно се фокусирам на камперите, ги правам и ги продавам. Работам и на нивно опремување, редизајнирање. Клиентите ми се јавуваат и ме замолуваат да им инсталирам одредени работи. Мило ми е што конечно можам да живеам како обичен човек. Колку е само лесно и убаво да се дојде до работа кога знаете дека повторно ќе имате слободно време после работа и нема да чувствувате притисок. Животот на суперхеројот е живот, сега се најдов себеси – додава Ахонен.

Освои 10 медали на Светските првенства, вклучувајќи злато во индивидуална конкуренција во Оберстдорф во 2005 година. Тој не успеа да освои ниту еден индивидуален медал на 14 настапи на Олимписките игри, но двапати освои екипно сребро во 2002 и 2006 година.

Видео на денот