Најискусниот македонски репрезентативец успешно се опорави коронавирусот и повторно може да продолжи со обврските во Нант.
Кирил Лазаров ќе им се врати на тренинзите во Нант кој без нашиот десен бек успеа да триумфира во Лигата на шампионите против Целје, но и против Сесон во француското првенство.
В среда требаше да се одигра дуелот помеѓу ППД Загреб и Нант, но истиот ЕХФ го одложи поради позитивни случаи на ковид-19 во хрватскиот клуб.
Останува за Лазаров да се подготвува за натпреварот против Данкерк на 6 декември во рамките од националниот шампионат.
Македонецот претходно против Шамбери имаше пет погодоци од пет бодови, четири реализирани од седум метри.