Лазаров фантастичен во Франција, Македонецот прв стрелец во победата над Ним

Во 12 коло од најсилното француско ракометно првенство составот на Нант беше убедлив на гостувањето кај Ним со резултат 26:34 (13:15).
Најефикасен во победата, деветта за Нант оваа сезона, беше македонскиот репрезентативец и селектор Кирил Лазаров со девет голови.
За освојувањето на бодовите значаен придонес имаше и голманот Емил Нилсен со 14 одбрани. На спротивната страна доминираше Мохамад Сана со 10 погодоци.
Моментно на табелата Нант е на второто место со 19 бодови, три помалку од ПСЖ, додека Ним е на седмото место со 12.
Во следното коло Лазаров и неговите соиграчи ќе играат дома на 11 декевмри против Шамбери.
Видео на денот