Лазар Бараков- Фото: Facebook/Ѓорги Колозов

Лазар Бараков со носталгичен спомен кој замисли многумина – зошто македонските народни приказни беа толку добри?

Македонскиот актер Лазар Бараков, препознатлив по своите улоги во култните домашни телевизиски серии и театарски проекти, на социјалните мрежи сподели фотографија што разбуди силна носталгија кај публиката. Бараков објави колаж од сцени и ликови од легендарните „Македонски народни приказни“, придружени со порака во која го поставува прашањето што многумина одамна си го поставуваат: зошто некогашните серии беа толку добри?

Неговиот одговор е директен – во актерите и во приказните што знаеја да допрат до гледачите.

„Ако некој праша?! Зошто приказните беа толку добри … Еве зошто, по ред и редослед“, стои во објавата, со која актерот потсетува на времето кога домашната телевизиска продукција создаваше содржини што и денес живеат во меморијата на публиката. На сликата која ја сподели се Ѓорѓи Колозов и другите легенди од приказните.

Лазар Бараков е актер со долгогодишно присуство на македонската сцена, еден од омилените во „Македонски народни приказни“. Публиката го памети како дел од генерацијата актери што создадоа автентичен македонски телевизиски израз.

Неговата објава повторно ја отвори темата за квалитетот на домашната продукција и потсети дека магијата на старите серии не била случајна – таа се темелела на забавни сценарија, внимателна режија и актери кои знаеја како да ѝ дадат душа на секоја приказна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот