Ландо Норис триумфираше во Мексико и ја презеде водечката позиција во Ф1
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, победи на трката за Големата награда на Мексико Сити во Формула 1 шампионатот, преземајќи го водството во генералниот пласман, а остануваат уште четири тркачки викенди.
Препорачано
Британскиот возач ја забележа својата 10. победа во кариерата на мексиканската патека, шеста во тековната сезона.
Возачот на Ферари, Шарл Леклер, го освои второто место, додека возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, се најде на третата позиција на подиумот.
Возачот на Хас, Оливер Берман, ја помина целта на четвртото место, Оскар Пјастри од Мекларен заврши на петтото место, додека возачите на Мерцедес, Андреа Кими Антонели и Џорџ Расел, завршија на шестото, односно седмото место.
Луис Хамилтон од Ферари, Естебан Окон од Хас и Габриел Бортолето од Заубер, исто така, освоија поени.
Во генералниот пласман, на четири трки до крајот (плус две спринт трки), Норис води со 357 поени, само еден повеќе од второпласираниот Пјастри, а Верстапен е трет со 321 поен.
Шампионатот продолжува на 9 ноември со Големата награда на Сао Паоло, Бразил.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
21мин
-
24мин
-
38мин
-
52мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


