Ландо Норис до пол позиција за спринт трката во Кина

Ландо Норис/фото: EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Возачот на „Мекларен“, Ландо Норис, ќе стартува од пол-позицијата на првата спринт трка од сезоната во Формула 1, која ќе се вози за Големата награда на Кина.

Конечниот редослед на возачите во спринт трката ќе го одреди редоследот на возачите на неделната трка, петта од овогодинешниот шампионат во Формула 1.

Норис до првата позиција на дождот во Шангај стигна со круг од 1:57.940 мин., а во првиот стартен ред ќе биде неговиот сонародник, Луис Хамилтон во „Мерцедес“. Зад нив ќе стартуваат Фернандо Алонсо и Макс Верстапен.

Дождот кој почна да врне на крајот од втората квалификациска сесија направи вистински хаос во третата квалификациска сесија, кога се засили.

Многумина грешеа и излетаа, Верстапен два пати, а Луис Хамилтон, Ландо Норис и Шарл Леклер по еднаш. Серхио Перез возеше добро и без ниту една грешка, но квалификациите ги заврши само на шестото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот