Лампард сака титула, но според обложувалниците Челси нема да биде шампион! (ФОТО)

фото: твитер

Според „Скај Бет“, најголем фаворит за титулата е Манчестер сити (4/5), пред шампионот од минатата сезона, Ливерпул (15/8).

Челси беше многу активен на фудбалскиот пазар, сопственикот на овој лондонски клуб Роман Абрамович ангажираше атрактивни играчи за 200 милиони фунти.

Лондонските „сини“ минатата сезона имаа забрана за трансфери, сезоната во Премиер лигата ја завршија на четвртото место, а во финалето на ФА купот загубија од Арсенал.

Челси успеа да ги донесе Каи Хаверц (Баер Леверкузен), Тимо Вернер (Лајпциг), Бен Чилвел (Лестер), Хаким Зијеш (Ајакс), како и Тиаго Силва и Маланг Сар кои на „Стемфорд Бриџ“ дојдоа како слободни играчи од ПСЖ и Ница.

Менаџерот на екипата Френк Лампард непосредно пред почетокот на новата сезона дека притисокот кој постои со цел резултатите да бидат подобри, но тоа би требало да биде стандард.

Минатата година бевме многу среќни со местото кое во Лигата на шампионите. Изненаден сум доколку не помисливте дека не бев под притисок минатата сезона. Уживам во притисоците, тоа е она што сакам да го работам. Не дојдов да се борам за четвртото место или да доведам во тимот играчи од академијата, тука сум за да победувам. Лани не можевме да купуваме, а годинава клубот одлучи да ангажира нови. Тоа ја менува сликата и подготвени сме за работа – вели Лампард.

В сабота (12 септември) започнува официјално новата сезона во Премиер лигата 2020/21 со првите четири закажани натпревари.

Од 13.30 часот Фулам е домаќин на Арсенал, од 16.00 часот Кристал Палас ќе игра со Саутемптон, од 18.30 часот бранителот на титулата Ливерпул ќе се соочи со Лидс на македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски, а од 21.00 часот играат Вест Хем и Њукасл.

Одложени се дуелите Барнли-Манчестер јунајтед и Манчестер сити-Астон Вила. Лампард ја посакува титулата, но според обложувалниците Челси е дури трет фаворит за тронот (10/1).

Според „Скај Бет“, најголем фаворит за титулата е Манчестер сити (4/5), пред шампионот од минатата сезона, Ливерпул (15/8).

Во овој избор четвртопласиран е Манчестер јунајтед (14/1), пред Арсенал (33/1) и Тотенхем (50/1), а интересно веднаш зад најголемите во Премиер лигата се наоѓа Лидс на нашиот Алиоски (150/1) на седмото место, така што оваа обложувалница е многу сигурна дека клубот од „Иланд роуд“ не само што ќе обезбеди опстанок, туку и дури му се даваат шанси да се борат и за позициите кои водат во Европа.

фото: принтскрин/m.skybet.com

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот