Премиер лига: Алиоски и Лидс на стартот против шампионот Ливерпул

фото:твитер

Како што и беше најавено, денеска во утринските часови е објавен распоредот на натпревари за новата сезона во Премиер лигата, 2020/21.

По подолг период и Македонија ќе има свој претставник во елитата, во овој случај нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски во дресот на Лидс.

Во првото коло Лидс (кој се враќа после 16 години во Премиер лигата), веднаш ќе се соочи со голем предизвик, односно на „Енфилд“ ќе ги одмери силите со актуелниот бранител на шампионската титула, Ливерпул.

На стартот ќе имаме осум натпревари, а два меча ќе бидат одложени. ЦЕЛОСНИОТ КАЛЕНДАР ОД НОВАТА СЕЗОНА ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Премиер лига (сезона 2020/21)

Прво коло, двојки –

12 септември, сабота (16.00 часот)
Кристал Палас-Саутемптон
Фулам-Арсенал
Ливерпул-Лидс
Тотенхем-Евертон
Вест Бромвич-Лестер
Вест Хем-Њукасл

14 септември, понеделник (21.00 часот)
Брајтон-Челси
Шефилд јунајтед-Вулверхемптон

Одложени се дуелите на Барнли-Манчестер јунајтед и Манчестер сити-Астон Вила. Двете екипи од Манчестер ќе имаат додатен одмор поради нивните настапи на меѓународната сцена во текот на минатата недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот