Квалификации за СП: Кошаркарите разочараа, вторпат поразени од Грузија

Една малку поинaква и многу подобра Македонија во „реваншот“ против Грузија. Имавме одличен почеток на овој четвртти натпревар од квалификациите за Светскиот куп 2023. Најавивме и реализиравме многу оодобра игра од онаа од пред некоја вечер во Тбилиси.
Во Скопје „сликата“ за вистинските можности на нашата репрезентација беше далеку подобра. Но, по втор пат а кратко време, пресуди квалитетот кој го имаат во рацете играчи како Мек Фејден, Шермадини, и „логистика“ потребна за вакви, квалификациски мечеви. Грузијците славеа по вторпат со 65:79.
Едноставно со Ненад Димитријевиќ во тимот, со Андреј Магдевски како дополнителен плус на првата бековска позиција, од самиот почеток на натпреварот видливо беше дека нашите момци се и тоа како мотивирани да стигнат од толку посакуваниот триумф, прв во квалификациите за Светскиот Куп 2023.

Повратникот во националниот тим реализираше осум поени, капитенот Стојановски пет на отворањето на мечот во А1 Арената „Борис Трајковски“. За водство од (17:14), кое со поените на Робев и на Магдевски, го задржавме до истекот на првата четвртина, водевме со (21:18).
На почетокот на втората, Македонија стигна до најголемата предност (20:15). По поентирањето на Вајли, имавме идентичен плус од првиот дел (31:28), но во завршните минути од вториот период, гостите од Грузија направија серија од (10:0) за преземање на водството.
Грузијците имаа сосема солидни (38:31), а по тројката на нивниот најдоба играч и во Скопје, Мек Фејден, тие ги претворија во двоцифрени (41:31). Серијата на Грузија, со својот 14 поен во полувремето ја прекина Димитријевиќ, погоди уште две слободни фрлања за да ги постави конечните (35:43) на полувремето.

Противникот одново се одвои на двоцифрена предност (51:40), но зборот предавање кај нашите кошаркари – не постоеше. Следуваше наша серија, од (12:3), со која се доближивме на само еден посед (52:54), по „два плус еден играта“ на Вајли – минута 28.
Тројката на неверојатниот Мек Фејден, ја прекина серијата на наши последувателни поени, постави (58:52) за Грузија по три одиграни четвртини. По деветтата тимска тројка, гостите одново се одвоија на двоцифрено резултатско растојание (67:57), кога останаа да се доиграат шест минути.
На ист начин одговори Стојановски, за (60:67). Сигнавме уште еднаш на -4 (65:69). Но Грузија најде одговор и за тој наш напад. Со пет поени по ред, имаа иста позитива (74:65), на три минути до крајот и не ја испуштија. Во нашите редови најефикасен беше Димитријевиќ со 25 поени (седум скокови), следен од В. Стојановски со 13 поени, а Вајли реализираше 10 поени (девет скокови). На спротивната страна Мекфејден постигна 24 поени (пет асистенции).