Кузмановски: Жалам што не сум со Еурофарм Пелистер од почетокот на сезоната

Ракометарот на Еуфофарм Пелистер, Филип Кузмановски/фото: rkeurofarmpelister.com

Еурофарм Пелистер пред своите гледачи загуби од поранешниот европски првак, Загреб. Хрватскиот гигант славеше во „Боро Чурлевски“ во рамките од 10 коло во ЕХФ Лигата на шампионите со 22:23 (10:13).

Елитното клупско натпреварување продолжува на почетокот на февруари, а ривал на актуелниот македонски шампион во Битола ќе биде ПСЖ на нашиот екс селектор Раул Гонзалез.

Неодамнешното ново засилување, Филуп Кузмановски беше најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер со осум голови.

Нашиот репрезентативен бек жали што не беше во екипата од почетокот на сезоната, но верува дека има многу простор за напредок во иднина.

– Сакам да се заблагодарам што публиката дојде во голем број и ни беше мотив. Многу ми е криво што не можеме да возвратиме на најдобар можен начин и да победиме. Тука сум три седмици, ова е млада екипа со неколку искусни имиња. Напредуваме брзо, криво ми е што не бев тука уште од почетокот. Имаме многу простор за напредок за во иднина, треба да останеме заедно. За натпреварот со Загреб бевме подготвени, потрошивме многу време за анализи. Загреб е голема екипа, оваа сезона победи звучни имиња во Лигата на шампионите. Имавме свои шанси на овој натпревар, ама на крајот решаваа нијанси. Ветувам дека ќе бидеме подобра екипа, но ни треба време. На Загреб му посакувам сè најдобро, му посакувам да ја мине групата, а нас ни останува да работиме – рече Кузмановски по завршувањето на мечот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот