И Загреб победи во Битола, десетти пораз за Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Maкедонскиот шампион Еурофарм Пелистер и по десет натпревари во ракометната Лига на шампиони остана без победа откако вечерва хрватскиот ППД Загреб славеше победа со 21:23 во Битола.

Гостите од Хрватска од почетокот на натпреварот имаа предност и така беше скоро во текот на целиот натпревар. Уште во првото полувреме Загреб дојде до предност од пет гола (5:10), а до паузата македонскиот тим успеа да дојде до 10:13.

Во вториот дел Пелистер само еднаш некаде на средината од овој период стигна до изедначување на 18:18, но таа шанса битолскиот состав не успеа да ја искористи во целост, па до крајот иако имавме една неизвесна завршница Пелистер повторно остана без бодови.

Во нападот најдобри поединци кај Е. Пелистер беа Кузмановски со осум и Петровиќ со четири погодоци, додека Гедбан на голот собра 13 одбрани. Сосема заслужено најдобар поединец на натпреварот беше голманот на хрватскиот тим, Мандиќ со 20 одбрани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот