Кузма не оди на Мундобаскет, САД го објави конечниот список

twitter.com/usabasketball

После изненадувачкиот пораз во Мелбурн од репрезентацијата на Австралија во контролен меч, денеска е објавен конечниот список на играчи на кои ќе смета Попович за претстојниот Мундобаскет кој што ќе започне на 31 август.

Поради повреда на зглобот на левата нога, во составот нема да биде кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Кајл Кузма.

Со неговото отпаѓање конечниот список на патници за Светското првенство практично самиот се комплетираше.

Во Кина, селекцијата на САД ќе го брани светското злато со следните имиња: Харисон Барнс (Сакраменто), Џејлен Браун (Бостон), Џо Херис (Бруклин), Брук Лопез (Милвоки), Крис Мидлтон (Милвоки), Донован Мичел (Јута), Мејсон Пламли (Денвер), Маркус Смарт (Бостон), Џејсон Тејтум (Бостон), Мајлс Тарнер (Индијана), Кемба Вокер (Бостон) и Дерик Вајт (Сан Антонио).

Американците на СП се наоѓаат во групата со селекциите на Чешка, Турција и Јапонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот