Фото: EPA-EFE/ERMAL META

Курти откри каква е неговата врска со Аристотел, Кант и Мил

Курти во Давос ја бранеше својата власт со Кант, Мил и Аристотел, тврдејќи дека филозофијата била водилка во носењето одлуки.

Премиерот на Косово, Албин Курти, изјави на Светскиот економски форум во Давос дека за време на мандатот на неговата влада, при носењето политички одлуки и управувањето со институциите, применувал комбинација од нормативната правда на Имануел Кант, утилитаризмот на Џон Стјуарт Мил и Аристотеловата етика на доблеста, пренесе Данас.

„Во нашиот начин на управување ја комбиниравме кантовската нормативна правда (моралот како извор на дејствување) со утилитаризмот на Џон Стјуарт Мил (максимална среќа за мнозинството), интегрирајќи ги овие принципи во носењето одлуки и во односите со луѓето“, изјави Курти, пренесува Косово онлајн.

Говорејќи за државните функционери, Курти истакна дека владата ја следела Аристотеловата етика на доблеста.

„За државните функционери ја следевме Аристотеловата етика на доблеста, нагласувајќи ја важноста на доблесни лидери на клучни позиции, но секогаш поврзани со народот“, наведе тој.

Според неговите зборови, овој „етички триаголник“ Кант–Мил–Аристотел бил применет при креирањето политики и управувањето со човечките ресурси и се покажал како корисен.

Дел од неговиот говор, во кој го објаснуваше својот филозофски пристап кон управувањето, беше објавен на Фејсбук-профилот на Движењето Самоопределување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот