Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“: МЗТ Скопје и ТФТ бркаат историја, кај дамите реприза од ланското финале

МЗТ Скопје со релативно лесна победа над Академија ФМП/ фото: КФСМ

Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва (19:30 ч.) имаат историска шанса со евентуален триумф во финалето на кошаркарскиот куп „Благоја Георгиевски-Буштур“ во кое ќе игра против ТФТ, да стане тим со највеќе победи во ова натпреварување.

МЗТ Скопје и Работнички имаат по десет трофеи во кошаркарскиот куп, а вечерва тимот од Аеродром има шанса да му избега на вечниот ривал.
„Металците“ кои на завршниот турнир во Купот, прво во четвртфиналето го совладаа Гостивар со 87:85 а потоа во полуфиналето беа подобри од Феникс со 76:66, а последна препрека ќе им биде екипата на ТФТ која оствари две убедливи победи над Пелистер (105:93) и над Навико Академија ФМП (94:72). Ова за ТФТ ќе биде прво финале во кошаркарскиот Куп и ќе се обиде да дојде до првиот трофеј во клупската историја.

Во женска конкуренција во финалето (17 ч) ќе се сретнат двете најдобри екипи во моментов во Македонија, Баскет Кам 2011 и Бадел 1862. Овој дуел воедно ќе претставува реприза од минатогодинешното финале кои му припадна на Баскет Кам со 81:64 славеше над Бадел 1862.

Најтрофејна екипа во женска конкуренција е Бадел 1982 кој претходно се натпреваруваше под името Бигор Скопје, со девет трофеи во Купот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот